Бубе Ин – Македонската фризерска ѕвезда

Бубе Ин започнува како фризер во 1993 год. на своја 13 годишна возраст како почетник самоук. Во 1998 година го отвори својот прв фризерски салон познат по неговата работа, а не како „Бубе“.
Во животот научив како со постојаното едуцирање може да ги совлада промените и да ја надгради самодовербата во сопствените вештини. Доколку тоа го имаш тогаш се отворени вратите за постигнување на своите цели.

– Објасни го фризерството во 3 збора?
Почит, љубов и инспирација.

– Каков беше Бубе Ин како дете, дали некој од твоите најблиски го забележуваше твојот фризерски талент?
Интелегентно, пргаво, поразлично од останатите во генерацијата… не толку многу покажувајки интерес за класичната настава, по можност и напуштање на часови за да се задоволат сопствените инспирации, а тоа е посета на фризерски салон и учење на фризерските вештини. Секако тоа го забележуваа блиските, но на секое нивно инсистирање за продолжување на класичната настава јас секогаш наоѓав начин за задоволување на своите фризерски сстрасти и испирации.

– Дали фризерството било отсекогаш твоја страст?
Како тинејџер сакав да бидам хирург ама нешто не ми даваше мир. Бев многу креативен и решив да го следам својот инстинкт… Благодарение на тоа се одлучив за фризерската кариера. Како фризер почнав да се занимавам во 1993, и тоа како чирак во еден познат салон, запоставувајки го и средното образование кое подоцна го завршив вонредно, бидејки веднаш сватив дека овој занат е моја страст и таа љубов трае веќе со години. Многу бев среќен што во тој период имав луѓе од кои можев многу да научам и сум им благодарен и кој секојдневно сеуште ме инспирираат.

– Како твојата желба за хирург делува врз фризерството?
Да си хирург не е лесно. Мораш да си многу прецизен, дисциплиниран и полн со амбиции; да спасиш нечиј живот исто така. Слично е и во фризерството со тоа што во таа категорија е уште потешко, имено за да си фризер мора да поседуваш многу добри комуникациски вештини, желба да имаш постојано добар однос со твоите колеги, а уште подобар со клиентите, само така може да се успее.

– Кој беше твој прв професионален почеток?
Откако ги запознав и изучив фризерските техники кај познати фризери во градот беше време да отворам сопствен салон. Така, во далечната 1998 год. го отворив мојот прв салон каде без име, но со квалитет почнав да се покажувам и докажувам во својата работа. Полека почна да се шири добар глас за момче кое не е познато, но сепак е виртуоз за коса. Имаше ли

– Бубе ин идоли од колегите во Македонија или ги следеше светски познатите стилисти?
Секако дека имав идоли меѓу своите колеги, денес веќе и пријатели, а секако дека странските стилисти ми се постојана инспирација, и секогаш има новитети кои се учат и се применуваат.

– Со едукација до успех?
Со успешно завршеното образование и постојана едукација добивате занает за цел живот. Преку работата со клиенти нагласуваме дека комуникацијата е успешна и преку поврзување со колегите растеме како поединци и тоа е она што ја прави нашата индустрија поинаква од другите, единствена во тоа што учи повеќе од другите.

– Зошто постојаната едукација е од корист за секој фризер?
Ако сите вработени добиваат постојана едукација тогаш се подобрува нивната стручност и се одржува нивниот капацитет и постојаното работење на салонот. Сигурно дека со таков тип едукација на фризерите и тимовите се подобрува лојалноста на клиентите од салонот и секако на самите фризери. Секако дека салонот е потребно да воспостави силна работна култура во која мора на високо ниво да ја поставите желбата за успех како за салонот така и за фризерот.

– Каков беше патот до стекнувањето на името кое значи престиж во фризерството?
Успехот за мене е среќа и едноставно ме исполнува. Што и да ве прави среќни и што и да чуствувате дека ве прави среќни – вас и околу вас, е тоа е успехот. Мојот успех дојде благодарение на напорна работа, висок енергетски ризик, постојаната грижа за детали и константната желба да бидам најдобар колку што тоа може да биде во одредена мерка. Погрешните одлуки ме научија да станам подобар.

– Како го дефинираш твојот однос према косата? 
Како фризери знаеме дека косата може да ја смени личноста, промената на фризурата може драматично да ја промени личноста како се чуствува и на кој начин ја гледаат другите. Промената на фризурата го менува расположението, сила или опуштање, а во очите на другите ведрина или озбилност. Инспиративно е кога можете да направите таква разлика на личноста.

– Вашето искуство со STYLING Magazine?
За прв пат во Македонија излезе првото списание од светски рамки, каде имав чест да работам на насловната страница заедно со мојот колега Пеце од Cool Cut и со make-up мајсторот и фотограф Владимир Георгиев. Модел на насловната беше Милена Ѓурковиќ.
Посебно сум задоволен од овој проект бидејќи STYLING Magazine ми е посебна инспирација. Секогаш објавуваат најнови светски колекции од најпознатите фризери кои се мојата муза во секојдневната работа во BubeStudioIN.

 

 

 

 

STYLING Magazine Cover Page No.1