Нега на кожата во 40-тите и 50- тите години

Во 40-тите и 50-тите години кожата ќе стане уште посува и ќе ја смени својата текстура, ќе почне да слабее уште повеќе. Поради кршењето на колагенот се појавуваат уште повеќе линии. Исто така ќе забележите дека кожата повеќе не е толку стегната и ќе се појават старосни дамки, флеки, пеги, дисколорации и др. Бојата на кожата станува потемна и со тоа и порите стануваат повидливи. Во доцните 40-ти, во раните и средина на 50-тите години на вашата кожа ќе влијае и менопаузата и промените што настануваат во телото. Губењето на естроген и прогрестон ќе ги влоши симптомите што ги опишавме погоре. Тоа се лошите новости, но добрите се тоа што има многу работи кои можете да ги направите во врска со горенаведеното.

Ваши цели се:

  • борба против губење на колагенот и третирање на брчките: минимизирање на нивната појава околу очите и устата;
  • борба против обесување на кожата;
  • борба против темниот тен со цел кожата да има сјај;
  • осветлување на старосните дамки и спречување појава на нови;
  • сперчување на сушење на кожата;

Губење на колаген: За третирање на брчките и губење на дебелината, дерматологот на Мадона, Фредерик Брант препорачува производи кои во својот состав имаат пептиди за здебелување на кожата. Ретинолот (витамин А) го зголемува бројот на клетки и ја мазни површината на кожата. Исто така влијае и на оштетената и природно остарена кожа. Но кај некои луѓе Витаминот А може да предизвика и иритација на кожата.

Осигурајте се дека во производите кои ги користите во својот состав содржат антиоксиданси и не заборавајте го Витаминот Ц и неговото делување во борбата против оштетување на кожата и во подобрувањето на колагенската синтеза.

Брчки и линии околу очите: Ретиноидот во вашата крема која ја користите околу очите ќе ви помогне не само во хидратацијата на кожата околу очите туку и ќе се бори против брчките околу очите.

За да се спречи продлабочувањето на брчките на челото, околу устата и очите ќе ви бидат потребни поагресивни третмани како што се релаксатори и пополнувачи на брчки кои се вбризгуваат на местото каде се наоѓаат брчките. За овие третмани треба треба да се консултирате со дерматолог. Обрнете внимание на сите контраиндикации и одберете искусен специјалист за оваа процедура.

Сите третмани за лице кои ги нудат во козметичките салони можат многу да ви помогнат во борбата против брчките и предвременото стареење и да ја одржуваат вашата кожа природно.