Дали доволно ги негувате вашите усни?

Доколку жените имаaт можност да изберат само еден производ на шминка, повеќето би избрале кармин. Изненадувачки е фактот што кога е во прашање негата на нашите усни повеќето од нас сме виновни за нивното запоставување. Запомнете дека усните немаат природно цврста покривка, така што брзо можат да се исушат. Константната навика на лижењето на усните ја зголемува нивната дехидратација. Усните немаат лојни жлезди, кои би ја одржувале целосната потребна влажност. Најдоброто нашто што можете да го направите за перфектен изглед на вашите усни е да ги третирате со секојденевен ритуал и тоа: прво потебно е да направите ексфолијација (нежно четкајте ги усните со четка за заби, доколку не сакате да користите специјлна крема ), потоа навлажнете ги со заштитен балзам. Запомнете, пушењето и изложувањето на штетните ултравиолетови зраци предизвикуваат неубави вертикални  линии на усните. Користете производи со ултравиолетова заштита и никогаш не излегувајте од дома без нив. Најидеално за вас е,  доколку престанете со пушење.

Колку  ги негувате ваштие усни?

Нема точен или неточен одговор, тоа пред се зависи од самите вас, како вие сакате да ги третирате вашите усни. Како и да одлучите, еве неколку начини кои ќе ви ги посочат нивните предности. Како прво ви треба нешто што ќе ги навлажнува вашите усни, а потоа екстра светкав кармин, сјај или вазелин (кој покрај се е најдобар навлажнувач – им дава на вашите усни прекрасен сјај) .

Доколку имате шминка на лицето, а на вашите усни немате нанесено ништо, ќе изгледате како недонашминкани, немодерни – како да сте заборавиле нешто. Ова е пред се за оние жени на кои дневната шминка обично им се сведува на само малку маскара и руменило.  Бидејќи ненашминканите усни даваат блед изглед на вашето лице, малку сјај ќе биде најдоброто нешто за целосна лесна шминка.

Уште една грешка која многу жени ја прават, е тоа што избираат кармин без да ја замат во предвид  нијансата на нивната подлога и руменило. Тоа не е добро бидејќи карминот нема да биде добро вклопен со останатана шминка. И доколку разликата е минимална (истенчена) верувајте тоа сепак ќе биде приметливо. Ако користите жолто-кафеаво руменило, изберете кармин со жолто-кафеава до бронзена нијанса. Доколку користите подлога и розе руменило, нанесете кармин од колекција на црвени и розе нијанси кои ќе одговараат на вашата подлога.

Уште едно погрешно сфаќање е тоа што карминот треба да се согласува со вашата облека. Сосема неточно. Како прво, деновите кога се требаше да биде складно веќе не постојат. Модата веќе некплку години ве советува дека природниот изглед е правилен за секого. Вие можете да избирате се што сакате да облечете и бојата на вашата облека да биде сосема различна од бојата на карминот, тоа воопшто нема да пречи за да изгледате комплетно средени. Деновите кога боите на вашите обувки, шапки (капи), фустачиња, чанти, кармин и лак на вашите нокти треба да се совпаѓаат, се минато.

Повеќе нема потреба да ја менувате бојата на вашиот кармин секогаш кога облекувате гардероба во различна боја. Тоа не го правите со вашата подлога за лице или пак со вашата боја на коса, нели? Заклучокот од сето ова е: Доколку изберете соодветна подлога за вашето лице, руменило кое ќе одговара со тенот и бојата на вашата коса и притоа нанесувате кармин кој ќе се согласува со тие бои, тогаш шансите за лоша комбинација на шминка со вашата облека се минимални.