Каква шминка да нанесувате во зимскиот период?

Зимата не импресионира на таков начин на кој летото, никогаш неможе да го постигне тоа. Во зима регуларната нега на кожа и основните козметички продукти се неизмерно потребни за добра заштита на вашата кожа. За нега на кожата во зимскиот период потребна е добра заштита со соодветна јака подлога со која кожата ќе биде подготвена да биде изложена на студената сезона. Можете да користите сивкасти сенки за очи, мат сенки со чоколадна боја, или пак нијанси на кафе, а за усните користете потемни нијанси. Треба да користите мат подлога во текот на зимските денови. Секогаш користете навлажнувачи на кожата или подлоги кои содржат заштитен фактор, кога излегувате надвор. Додека трае зимата, сивкастите очи изгледаат поубаво од било кои други. Користете сенки во комбинација од кафе и цимет за да добиете сребрен ефект. Нанесувајте навлажнувачи на вашето лице и врат. Запомнете: нанесувајте водоотпорни навлажувачи покрај ушите. Користете ноќна крема во текот на зимскиот период.
Употребувајте црна маскара откога ќе нанесете молив за очи. Можете да користите водоотпорна маскара  во комбинација со темно кафени сенки.

Совети за вашата шминка во зима:

  • Сивкасти очи изгледаат најдобро во зима, а можете да користите и сенка за очи  во комбикација од цимет и кафе која дава страстен ефект.
  • Нијансирани балсами за усни со тонови од мед, капинки и црвени рибизли изгледаат истотака одлично во зима.
  • За истенчен изглед можете да употребите тенок слој од крем руменило. Во текот на зимата користете црна маскара и црн молив за очи
  • Нијансирана пудра со малку светкав сјај дава одличен изглед
  • Доколку сакате елегантни долги трепки можете да корисите вештачки трепки кои се нанесуваат со пинцета.